Актуелно
Во Австрија заврнаа 50 сантиметри снег
По летото со рекордни горештини, во Австрија пристигна постудено време кое ги донесе и првите снежни врнежи – на територијата на покраината Салцбург, падна половина метар снег.
На планината Гросглокнер, на територијата на покраината Салцбург, денеска, од безбедносни причини, е затворен и патот за сообраќај.
Снежната покривка, која го прекри тој дел од Австрија, достигна 50 сантиметри, а меѓу Терла и Хонтор снежните виулици биле многу силни.



