Вести
Бесплатно лиферување на вести до порталите за локалните избори
Раководството на Македонската Информативна Агенција (МИА), најстарата информативна агенција во земјата, донесе одлука во наредните три месеци, до завршување на локалните избори, интернет порталите да можат да ги пренесуваат бесплатно сите информации на МИА од сервисот МАКЕДОНИЈА.
– Сите портали кои сакаат да пренесуваат проверени и точни информации за настаните во државата, особено за локалните избори, ќе можат да бидат наши корисници, објави денеска на прес-конференција директорот на МИА, Драган Антоновски.
Услов за тоа истакна Антоновски е на крајот на веста да се наведе дека тоа е вест на МИА, да се назначи дека тоа е изворот, вестите да не се вадат од контекст, што е во согласност со Кодексот на новинарите на Македонија и правилата на професионалното новинарство.



