Актуелно
Блесна новогодишната елка во водите на Охридското Езеро
Десетина нуркачи од Нуркачкиот центар „Амфора“, Клубот за подводни активности „Охрид“ и Сојузот за подводни активности на Македонија денеска традиционално, 14. пат ја украсија елката во водите на Охридското Езеро.
Традицијата на украсување на новогодишното дрво под вода продолжува, како своевидна атракција за посетителите на Музејот на вода во Заливот на коските кај Градиште, каде е и сместена елката која се гледа од брегот.
Зоран Мирчевски од Нуркачкиот центар „Амфора“ изрази задоволство што нему му беше дадена честа тој оваа година да ја има улогата на Дедо Мраз под вода.



