Актуелно
Борис Трајковски е инспирација и гордост: Оддадена почит и положено цвеќе пред спортскиот центар „Борис Трајковски“
Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, кој беше особена личност и народен човек кој го живееше својот живот посветен на својата земја и по 12 години од трагичната смрт претставува инспирација и гордост за сите граѓани.
Во чест на неговиот живот и дело денеска пред споменикот кој се наоѓа на платото пред најголемиот спортски комплекс во нашата држава, кој воедно го носи неговото име, беше одадена почит и положено спомен цвеќе.
– „Македонија се гордееше и се гордее со Борис Трајковски, кој беше човек со неверојатни морални, но и професионални вредности. Голема чест и обврска е да се носи името на овој наш претседател, па токми заради тоа СЦ Борис Трајковски постојано се труди да претставува симбол за институција која на македонскиот народ ќе донесе многу радост, и притоа ќе продолжи да биде место на големи спортски победи на македонски спортисти, тимови и репрезентации. Постојано ги промовираме и семејните вредности, кои ги имаше и притоа постојано ги нагласуваше како важни за Република Македонија нашиот поранешен претседател, Борис Трајковски“, изјави Директорот на СЦ Борис Трајковски, Златко Перински.



