Актуелно
Бремените и хронично болните над 60 години до вторник ослободени од работни обврски
Бремените жени и хронично болните лица постари од 60 години, од денеска до вторник (28 јули) треба да се ослободени од работните обврски, препорача вчера Владата на предлог Министерството за здравство.
Како што соопшти Министерството за здравство, во истиот период се препорачува и работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот.
Препораките се донесени имајќи предвид дека подолг период државата е зафатена со повисоки температури, кои според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжат во претстојниот период до почетокот на следната недела.


