Вести
Брисел: Нема прослава за Нова година поради закана од тероризам
Претставници на Брисел ги откажаа сите традиционални прослави по повод Нова година во тој град поради закана од терористички напади.
Потегот уследи откако се уапсени две лица за кои се сомнева дека планирале напад за празниците.
– Заедно со министерот за внатрешни работи одлучивме да ја откажеме прославата утре, наведоа бриселски претставници.



