Актуелно
ПРАЗНИЧНА ПРОГНОЗА: Сончево и студено, новогодишната ноќ до – 11 степени
Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и студено со слаб до умерен северен ветер, а вечер на пречекот на Новата година времето ќе биде ведро и доста студено со температура која ќе се спушти до минус 11 степени.
Минималната температурата ќе биде во интервал од минус осум до еден, а максималната од минус два до пет степени.
Во Скопје ќе биде сончево и студено со слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура минус 4, а дневната ќе достигне до три степени.



