Актуелно
Брзата помош на терен – од ИЗИИС и ДЗС велат дека граѓаните се посигурни во своите домови
По силниот земјотрес кој ги извади скопјани на улица, од Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија и Дирекцијата за заштита и спасување велат дека сепак граѓаните се посигурни во своите домови, токму поради фактот што во случај на нов силен земјотрес постои опасност на паѓање предмети од зградите, како што беше случајот со паднатиот оџак во скопска Железара кој целосно оштети автомобил.
И брзата помош добива голем број на повици од граѓаните.
Од таму велат екипите се на терен. Главната причина за повиците се вознемиреност, паника, исчасшени или скршени екстремитети при напуштање на домовите, висок крвен притисок.


