Актуелно
ГАРЕВСКИ: „Земјотреси со овој интензитет не можат да урнат објекти“
Земјотресот регистриран попладнево во Скопје во 15:10 часот бил со магнитуда од 5,3 степени според Рихтер, а епицентарот бил на 7 километри источно од Скопје.
Според Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотерсно инженерство од Скопје, земјотреси со овој интензитет не можат да предизвикаат уривање на објекти туку само помали оштетувања.
Во меѓувреме, дел од жителите во Скопје, особено станарите од повисоките згради, вознемирени од потресите излегоа на улица и во блиските паркови. Земјотресот предизвика и пречки со комуникацијата во мобилната телефонија, а во некои делови од градот прекинато е снабдувањето со електрична енергија. пријавени се и помали штети на станбени објекти и на возила.



