Актуелно
„Часот на планетата Земја“ во Македонија – хит во целиот свет!
Големото одбележување на Часот на планетата Земја во Македонија хит низ целиот свет!
Глобалната организација на Часот на планетата Земја објави специјално видео во кое е објавен видео инсерт од исклучувањето на осветлувањето на Археолошкиот музеј во Скопје.
Исто така, поради успешната кампања, видео инсерти од исклучувањето во Македонија беа споделени и во друго, таканаречено „видео на моменти“ во кои освен исклучувањето на осветлувањето Археолошкиот музеј, се појавуваат и децата од интернационалната британска градинка во Македонија, дури пет пати!


