Вести
ЧЕТИРИ ДЕНА ГИ КРАДЕЛ МИЛИОНИТЕ: МВР со детали за грабежот во НЛБ банка
Министерството за внатрешни работи вчера во попладневните часови со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде Б.С.(40) од Скопје, поради основи на сомнение дека како трезорист во НЛБ Тутунска Банка, сукцесивно во повеќе наврати извршил кривично дело „затајување“, предвидено и казниво по член 353, со што противправно се стекнал со имотна корист од 2.400.000 швајцарски франци и 645.000 евра, износ со кој ја оштетил НЛБ Тутунска Банка.
Имено, сега пријавениот како вработен на работно место трезорист во Служба за трезорско работење (работа со готовина и депо во НЛБ Тутунска банка АД Скопје), искористувајќи згодна прилика и познавајки го процесот на работа, во време кога во трезорот имало намалена фреквеција на вработени лица, незабележан од никого во периодот од 6-ти до 10-ти април ги присвоил за себе горенаведените парични средства.
Првиот износ го затаил од пратка на износ од 1.000.000 швајцарски франци на тој начин што од вкупниот износ пред испраќање на средствата по авионски пат, извадил едно врзопче со 100 банкноти во апоени од 1.000 швајцарски франци (100.000 франци) кои ги присвоил за себе.



