Вести
Еден повреден во сообраќајка меѓу автобус и товарно возило во Скопје
Еден патник е повреден во сообраќајка што се случи денеска околу пладне, во близината на фабриката „ОХИС“ меѓу автобус на ЈСП Скопје со број 41 и товарно возило на ЈП „Комунална хигиена“.
Патникот е пренесен со возило на Итна медицинска помош.
Како што соопшти ЈСП Скопје, автобусот на претпријатието е со видна штета на странични стакла.



