Вести
ПРАЗНИЧНА ПРОГНОЗА: Денеска температури до 24 степени – од сабота дожд и заладување
Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 19 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност во попладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 25 степени.



