Актуелно
Четворица Италијанци и двајца Косовци биле во авионот што се урна во Кожле
Четворица италијански граѓани и двајца косовски државјани биле во патничкиот авион „пајпер“ кој денеска од Тревизо тргнал на пат за Приштина. На скопскиот аеродром авионот бил пријавен за полнење на гориво, а 4 минути пред слетувањето се изгубил од радарот.
Авионот беше пронајден во пламен во близина на селото Кожле.
Неофицијално, спасувачките екипи досега пронашле остатоци од едно јагленосано тело. Пронајдени биле и други предмети од паднатиот авион.



