Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Најмногу дожд во Лазараполе, врнежливо и во текот на ноќта

Актуелно

Најмногу дожд во Лазараполе, врнежливо и во текот на ноќта

Облачно време со врнежи со променлив интензитет преовладуваше вечерва на целата територија на државата. Врнежите се пообилни во западните подрачја, а во овие моменти врнежи нема само во крајните источни делови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

За 12 часа (од осум до 20 часот) најмногу дожд наврнало во Лазарополе (32 литри на квадратен метар). Во Пожаране 30, Тополчани 23, Битола 21, Скопје – Зајчев Рид 20, Скопје – Петровец 19, Тетово 17, во Гевгелија и во Претор по 16 литри на квадратен метар, во Прилеп 10, во Охрид, Ѓуриште и во Демир Капија по осум, четири во Штип и два литра на метар квадратен во Струмица.

УХМР соопшти дека во текот на ноќта ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. Во втората половина од ноќта се очекува да има помалку врнежи и со послаб интензитет.

Во скопското подрачје, исто така, во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд со променлив интензитет.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.