Вести
Четворица обвинети за грабежот во „Тутунска банка” признаа вина пред судот
Четворица обвинети за грабежот во „Тутунска банка” признаа вина на денешното рочиште во скопскиот Кривичен суд.
Како што соопшти Јавното обвинителство тие се изјасниле за виновни дека со умисла и во повеќе временски поврзани дејствија, искористувајќи ја својата работна позиција и познавање на процесите на работата во банката, противправно присвоиле парични средства во значителен износ од 400.000 швајцарски франци и 375.000 евра.
На 10 април годинава извршиле кражба и на 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра.



