Вести
Сончево и топло, до 28 степени – од понеделник нагло заладување со дожд и снег
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 23 до 28 степени.
Во Скопје слично време со температура од шест до 26 степени.
До недела ќе се задржи стабилно, суво и топло време со натпросечни дневни температури. Од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, повремено пообилни. Од ноќта кон вторник ќе почне да дува повремено засилен северен ветер, врнежите ќе продолжат и во текот на следниот ден, а на југоисток ќе има услови за локална појава на грмежи.



