Македонија
Од 7 октомври – евтин и брз трансфер во евра преку СЕПА системот во Македонија
Започнувајќи од 7 октомври 2025 година, граѓаните и компаниите во Македонија ќе можат да извршуваат побрзи, поевтини и посигурни плаќања во евра со земјите членки на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА).
Со приклучувањето на нашата земја кон оваа европска иницијатива, македонските банки добиваат пристап до платежните шеми на Европскиот совет за плаќања, со што се овозможува директна интеграција со повеќе од 40 земји во Европа.
Ова е историски чекор за домашниот финансиски систем и големо олеснување за сите што вршат плаќања, трансакции и наплати во евра.




