Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Четворица повредени во сообраќајка на патот Скопје-Тетово

Актуелно

Четворица повредени во сообраќајка на патот Скопје-Тетово

Дваесет и седумгодишениот гостиварец Б.И изутрина околу шест часот на автопатот Скопје – Тетово кај Добарскиот надвозник изгубил контрола над автомобилот БМВ 318 и излетал од патот. Во несреќата со тешка телесна повреда скршеница на рбетот се здобила сопатничката У.И.(57), а со полесни возачот Б.И., сопатникот Д.И.(27) и пет годишно.

Како што информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, сите повредени биле префрлени во тетовската болница и по укажаната помош тешко повредената У.И. била упатена на скопските клиники,  а другите биле пуштени на домашно лекување. Првичните податоци од увидот покажуваат дека причина за сообраќајката е неприлагодена брзина кон условите на патот, а материјалната штета се проценува на околу 50 илади денари, рече Јосифовски.

Неприлагодена брзина, според првичните информации, е причина и за сообраќајката  што се случила ноќеска во 1 часот 30 минути на улицата „Илинденска“ во Гостивар, а во која возачот К.П. (20) загубил контрола врз автомобилот Хјундаи со гостиварски регистарски таблички и удрил во метален електричен столб. Возачот К.П.(20) и сопатникот Н.Р.(28) се здобиле со телесни повреди и по укажаната помош во гостиварската болница биле пуштени на домашно лекување а материјалната штета се проценува на околу 60 илајди денари информираше Јосифовски.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.