Вести
„Цивил“: Изборната администрација предизвикува нерегуларности за време на гласањето
Претседателот на Здржението „Цивил – Центар на слобода“ Џабир Дерала, на третата прес-конференција, по повод референдумското изјаснување, изјави дека од досегашните 113 извештаи добиени од набљудувачите на терен забележани се голем број нерегуларности, од кои повеќето се предизвикани од изборната администрација.
Посочи дека се забележани сериозни проблеми во избирачкиот список, нагласувајќи дека Здружението со месеци предупредувало оти избирачкиот список ќе ја покаже својата неефикасност на денот на гласањето.
– Во избирачкото место 1644 во Општина Ресен, домашен набљудувач вршел евиденција на гласачите. Не сакал да се претстави при тоа од која организација е назначен. Најмалку што правел е набљудување на процесот, а забележан е и како ги евидентира гласачите кои доаѓаат да гласаат, истакна Дерала, повикувајќи се на извештаите од набљудувачите на „Цивил“.



