Вести
БАЈРАМИ: Кривична пријава за напаѓачот во Ново Лисиче
До овој момент нема некои посериозни нарушувања на гласањето на референдумот, освен инцидентот што се случи во дворот на ОУ „Лазо Ангеловски” во Скопје, кога едно лице нападна тројца полициски службеници за време на гласањето, изјави јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, кој е претседател на Комисијата за следење евентуални противправности на референдумот.
– СВР Скопје го извести Обвинителството за извршено кривично дело, денеска во дворот на ОУ „Лазо Ангеловски” во Скопје на гласачко место број 2708. Осомничениот е задржан во полициска станица. Во координација на ОЈО Скопје, СВР Скопје постапува за целосно документирање на настанот по што ќе ја достави целата документација со кривична пријава против осомничениот за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ од член 383 од Кривичниот законик, рече Бајрами.
