Актуелно
Црвен картон за млади возачи под дејство на алкохол
Шест дизајнирани летоци ќе се делат на младите на популарните места за излегување, во кафулиња и дискотеки, а ќе се прави и доброволно алкотестирање на истите локации, по кое симболично ќе се доделуваат црвен и зелен картон за возење во зависност од резултатите на алкотестот.
Ова денеска на прес-конференција го најави претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата Стојче Стаменковски на која ги сумираше активностите од спроведување на кампањата за поголема безбедност на ранливите групи учесници во сообраќајот на патиштата.
Според анализите на РСБСП од кампањата која се реализираше во периодот од 14 април до 31 мај, Стаменковски информираше дека најранливи групи во сообраќајот на патиштата се пешаците (особено децата и пензионерите), велосипедистите, мотоциклистите и матурантите заради спецификата на матурските прослави.



