Вести
Ненамерни грешки – причини за сообраќајни незгоди кај младите возачи
Младите возачи и возачите почетници се најранлива категорија учесници во сообраќајот, но и најчесто грешат во него. Според Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, грешките се непромислени и ненамерни бидејќи во голем дел од ситуациите тие се направени за прв пат или не се направени свесно.
Секој млад човек (кандидат за возач) кога прв пат ќе седне во автомобил да учи да вози, обично е многу внимателен и подготвен да слуша и да ги применува советите од инструкторот. Но, откако ќе се стекне со возачка дозвола и со минимум возачко искуство, наеднаш работите се менуваат, на површина излегува преголемата самодоверба изградена врз основа на лажна перцепција за „големите“ возачки способности. Тогаш се прават најголемите грешки во сообраќајот, а крајниот епилог од таквото однесување најчесто е погубен и фатален.
РСБСП со потсетување кои се најголемите грешки што младите возачи намерно или ненамерно (свесно или несвесно) ги прават кога се зад воланот?



