Вести
ЦРВЕНКОВСКИ: На 30 септември ќе излезам на референдум и ќе гласам „ЗА“
На 30 септември ќе излезам на референдумското изјаснување и ќе гласам ЗА! Ќе гласам ЗА не затоа што мислам дека преспанскиот договор е голема победа и успех, туку затоа што сметам дека е нужност од која во даденава ситуација нема бегање, вели во пишаната изјава за јавноста поранешниот претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски.
– Ќе гласам ЗА не затоа што мислам дека неговото спроведување нема да предизвика негативни последици, туку затоа што негативните последици од неговото пропаѓање ќе бидат несразмерно поголеми.
Нормално е дека кај секој разумен и одговорен човек кога се работи за олку важно прашање постојат дилеми. Деновиве многумина ме прашуваа дали јас би потпишал таков договор. Мојот одговор е дека во овој момент тоа е апсолутно небитно.


