Актуелно
Децата, жените и изнемоштените да се преселат за полесно расчистување на теренот
Во Стајковци шест дена по невремето се работи на расчистување на куќите и дворовите. Се вади калта, сметот, уништените материјали од домовите, а почнат е и процесот на дезинфекција.
Ова го истакнува министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој информира дека на околу една четвртина во текот на вчерашниот ден е извршена дезинфекција во Стајковци и дека се очекува околу три четвртини да бидат завршени во текот на денешниот ден и да се продолжи во текот на утрешниот ден.
– Тој процес не е едноставен, имаме континуирано чистење на улиците, бидејќи отпадот од домовите се префрла во дворовите, од дворовите на улиците и тука механизацијата е целосно посветена со голем фокус на улиците што беа најпоплавени куќите и домаќинствата кои беа најоштетени, изјави денеска Спасов.



