Актуелно
Делови од Македонија во портокалова фаза
Охридско–преспанскиот и јужно-вардарскиот регион утре ќе бидат зафатени со температури од портокалова фаза, а останатите региони со температури од жолта, односно алертна фаза, соопшти денеска Министерството за здравство повикувајќи се на најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во двата региона што ќе бидат во портокалова фаза се предвидуваат температури повисоки од вообичаените за овој период од годината.
Од Министерството за здравство соопштуваат дека продолжуваат да важат донесените препораки за ослободување од работни обврски на бремени жени и хронично болни лица на возраст над 60 години, како и препораките да се избегнува вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот.


