Актуелно
Демолирана Народната канцеларија на Иванов (ФОТО)
Демонстранти организирани од граѓанската иницијатива „Протестирам“ вечерва ја демолираа Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во центарот на Скопје. Искршени се прозорците и мебелот од канцеларијата, а оштетена е и зградата на Министерството за правда.
Според очевидци, има и повредени лица, меѓу кои новинар и фоторепортер, а десетина се приведени. Повеќето од демонстрантите се разотидоа, а полицијата останува на терен.
Протестираа во знак на револт од одлуката на претседателот за општ прекин на сите постапки против политичари и нивни соработници поврзани со прислушувањето и политичката криза.



