Актуелно
Стејт департмент: Иванов да ја преиспита својата одлука
Соединетите Американски Држави (САД) се длабоко загрижени по одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов за аболиција на лица коишто се предмет на истрага во врска со скандалот за прислушување, соопшти американскиот Стејт департмент.
Доколку оваа одлука биде имплементирана, се вели во соопштението, тоа ќе значи заштита за корумпираните официјални претставници, како и порекнување на правдата за македонскиот народ.
Воедно, додаваат, тоа ќе значи натамошно подривање на владеењето на правото во Македонија, интегритетот на нејзините правни институции и кредибилитетот на определба на нејзините кон фундаменталните вредности на НАТО и ЕУ


