Актуелно
ДЕН ПО НЕВРЕМЕТО ВО СКОПСКО: Сликата на терен е застрашувачка (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Ден по големото невреме кое го зафати Скопје вчеравечер – сликата на терен е застрашувачка.
Сингелиќ, Стајковци, Арачиново и Смилковци кои беа најпогодени од невремето, утрово не личеа на себе. Превртени коли, поплавени и резурнати домови, откорнат асфалт, искршени дрва и насекаде ѓубре, кал и камања.
Според објавите на социјалните мрежи, но и фотографиите на терен, се добива сликата од хоророт низ кој минале жителите на овие места вчеравечер.













