Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Хан: ЕУ е подготвена да помогне за поплавите

Актуелно

Хан: ЕУ е подготвена да помогне за поплавите

Еврокомесарот Јоханес Хан попладнево изрази сочуство за граѓаните на Скопје кои загинаа во синоќешното невреме и понуди помош. 

– Сочуство до фамилиите на жртвите од поплавите во Скопје и Тетово. Европската унија е подготвена да помогне, напиша Хан на Твитер.

Сочувство до семејствата на загинатите на твитер изрази и досегашниот евроамбасадор Аиво Орав. – Најдлабоко сочуство до семејствата кои ги изгубија своите сакани за време на поплавите, е пораката на Орав кој воедно посакува брзо опоравување на повредените.

Скопје вчера беше зафатено од силно невреме. Најголеми штети се предизвикани во Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново каде се најдени и 21 загинато лице, шестмина се водат како исчезнати, а има и многу повредени. Пријавени се и срушени и поплавени куќи и возила. Невремето погоди и дел од Тетовско.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.