Актуелно
Денеска ќе бидат објавени прашањата за екстерното тестирање
Министерството за образование и наука денеска по 20 часот, прашањата кои што ќе бидат дел од тестовите при процесот на екстерно тестирање на учениците од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование, ќе ги објави на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk.
– Јавниот базен ќе содржи 445.700 прашања на македонски, албански, турски и српски јазик по вкупно 7.560 предмети. За секој предмет се генерирани прашања во зависност од неговата застапеност во наставниот план, односно бројот на часови. За предмет застапен со 1 час неделно, генерирани се 100 прашања, за предмет со 2 часа неделно генерирани се 200 прашања, за предмет застапен со 3 часа неделно генерирани се 300 прашања, информираат од МОН.