Актуелно
Денеска граѓаните ќе протестираат пред Владата на Република Македонија
Насловна фотографија: Христијан Петров / Популарно.мк
Денеска во 14 часот граѓаните заедно со опозициските партии ќе протестираат пред Владата на Република Македонија, на како што велат, големиот граѓански и натпартиски протест со барање на оставка на актуелната Влада.
На протестот свое учество потврдија и студентите кои пред да се приклучат кон толпата народ пред Владата на Република Македонија ќе побараат ослободување пред Основниот суд 1 на своите колеги – студенти кои беа уапсени по протестите одржани на 5 мај.



