Македонија
По примерот на Хрватска: Во петок 31 јануари најавен бојкот на маркетите во Македонија
Граѓаните на Македонија, револтирани од високите цени и неефективните мерки на власта, ќе се приклучат на акцијата за бојкот на маркетите на 31 јануари.
Со слоганот „Попусто попусти кога цените се исти“, тие ќе изразат незадоволство од пораснатите цени на храната и основните производи.
По Хрватска, во петок, 31 јануари, и македонските граѓани ќе го бојкотираат влегувањето во маркетите, како начин на изразување на незадоволството од високите цени, особено на храната и секојдневните продукти. На социјалните мрежи се шири повикот кој има за цел да ги мобилизира граѓаните да не влегуваат во маркетите и да го покажат своето незадоволство.




