Вести
Времето денес: Претпладне сончево, попладне локален дожд
Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност. Во поладневните часови во Скопската котлина ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.


