Вести
Денеска сончево и топло – од понеделник заладување со повремен дожд
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне во западните делови со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест степени, а дневната од 18 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен југоисточен ветер.



