Вести
Десет сообракајќи во Скопје, еден загинат
Едно лице загина, едно се здобило со тешки телесни повреди, а осум се полесно повредени во десет сообракајќни несреќи што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје.
Дваесет и двајца возачи се исклучени од сообраќај, од кои пет возеле под дејство на алкохол. Од сообраќај се исклучени и 12 возачи кои возеле пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, додека 29 лица возеле со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени и 12 нерегистрирани возила.
За непрописно паркирање се изречени мерки на 84 возачи, а специјалното возило „пајак“ подигнало 74 возила.



