Вести
Идната недела снег и температури длабоко под нулата
Времето утре ќе биде облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните и јужните делови.
Утринската температура ќе се движи од еден до шест степени, а дневната од пет до 11 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека од недела нашето подрачје ќе биде под влијание на релативно студена и влажна воздушна маса, односно под снежен бран. Се очекуваат врнежи претежно од снег, само во крајниот југоисточен дел од земјава повремено ќе бидат од дожд и снег.



