Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ДИЦ: Неосновани над половина од приговорите на екстерното

Актуелно

ДИЦ: Неосновани над половина од приговорите на екстерното

Во јунската сесија од екстерното тестирање биле поднесени 2855 приговори, односно приговарано е на 0,7 проценти од тестовите, од кои над половината биле одбиени како неосновани, соопшти Државниот испитен центар. 

– Прифатени се 17,09 проценти, делумно прифатени се 26,34 проценти од приговорите, а повеќе од 50 отсто од приговорите се неосновани. Мал дел од приговорите (околу 40) се однесуваат на нецелосно процесирани резултати и тие се уште се решаваат во комуникација со училиштата. Забележително е поголем бројот на поднесени приговори од ученици на кои им е потребен еден поен за премин во наредна оценка без основа за приговор, информира ДИЦ.

Центарот посочува и дека најголем број од приговорите се поднесени за предметите математика, македонски јазик, информатика и биологија.

– Прашањата за кои е констатирано дека се проблематични од технички или содржински карактер, а поради кои беа и усвоени дел од приговорите, ќе бидат коригирани или избришани од базата на прашања, додава ДИЦ.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.