Актуелно
Здравје Радово донираше велосипеди на социјално загрозените семејства
Вчера, 5-ти јули, на Кејот на реката Вардар, се одржа настан кој ги обедини сите поборници за здрав живот, вљубеници во велосипедизмот, како и зависници од спортот и здравите навики.
– “Оваа активност, која е само старт на нашата мисија да допринесеме кон влијанието на луѓето, за се повеќе здрави навики, општествена одговорност како и вклучувањето на јогуртот во секојдневната исхрана – еден од најздравите пијалоци, направи многумина среќни. Вчера забележавме многу искрени детски насмевки, а тоа за нас е најголемата сатисфакција.” – изјави Александар Блажевски, односи со јавност во Здравје Радово.
На самиот настан се реализираше и акцијата Веледарност, во која беа донирани велосипеди за најмладите од социјално загрозените семејства.




