Актуелно
Истече рокот за поднесување тужби до Управниот суд
Синоќа истече рокот за поднесување тужби до Управниот суд за одлуките на Државаната изборна комисија по приговорите поднесени од партиите за гласањето и сумирањето на резултатите од предвремените парламентрани избори на 11 декември.
СДСМ соопшти дека поднел четири тужби до Управниот суд кои се однесуваат на гласањето во избирачки места во изборната единица 6. Движењето Беса, пак, објави дека нема да поднесе тужби до Управниот суд на одлуките на ДИК да отфрли седум од осумте нивни приговори за изборниот процес.
ВМРО-ДПМНЕ како предводник на коалицијата „За подобра Македонија“ информираше дека до Управниот суд поднеселе тужба против решението на ДИК со кое се уважи приговорот на Движењето БЕСА и се поништија изборните резултати на гласачкото место бр. 0396/1, во општина Гостивар.



