Актуелно
ДИК: Од понеделник почнува изборната кампања
Изборната кампања за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија закажани за 11 декември оваа година ќе започне на 21 ноември, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Од ДИК потсетуваат дека од денот на распишување на изборите се до почетокот на изборната кампања, радиодифузерите и печатените медиуми не смеат да емитуваат, односно да објавуваат платено политичко рекламирање.
– Од денот на распишување на изборите се до нивното завршување, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања, се истакнува во соопштението на ДИК.



