Актуелно
До 40 сантиметри снег кон поткожувските села
Од 25 до 40 сантиметри изнесува снежната покривка кон десетина села под планината Кожув кавадаречко.
Според Ристе Еленов, раководител на компанијата „Јами”, која од кавадаречката локална самоуправа е задолжена за зимско одржување на патиштата во општината, работниците и механизацијата постојано работат на терен.
– Патиштата постојано се чистат од снегот и се одржуваат проодни. Моментно се интервенира со чистење и фрлање сол на делниците кон селата Бојанчиште, Бохула и Чемерско, соопшти Еленов.



