Актуелно
Доделени наградите за проектот „Рециклирање?! – Кажи да!“
Денес во спортскиот центар „Борис Трајковски“ беа доделени наградите за проектот „Рециклирање?! – КАЖИ ДА!“ кој веќе трета година по ред ги опфаќа основните училишта во Скопје
31.344 ученици од 60 основни училишта во општините Гази Баба, Карпош, Центар, Аеродром, Ѓорче Петров и Кисела Вода цела учебна година организирано собираа пластични шишиња, добиваа донација од течен сапун од Пакомак, и учеа за важноста од селектирање и рециклирање на амбалажниот отпад, времето на распаѓање на материјалите во природата, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија со цел да го увидат бенефитот од правилното однесување со амбалажниот отпад и заштитата на животната средина.
Иницијаторите на овој проект, Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување Пакомак и Шпаркасе Банка Македонија веќе трета година по ред ги доделуваат наградите за најдобрите училишта инволвирани во проектот.



