Актуелно
Во тетовско Групчин пронајдено застрелано 16-годишно момче
На 29.09.2015 година во Полициското одделение-Групчин, С.С.(44) од село Групчин пријавил дека во 18,00 часот, преку негов близок родина, пријавил дека во нива во месноста „Чешма“, што се наоѓа над ова тетовско село, го пронашол починат неговиот 16-годишен син со една влезна рана од огнено оружје, најверојатно пиштол, во левиот дел од градите.
Веднаш бил повикан лекар кој ја констатирал смртта, соопштио денеска МВР. Набрзо по пријавувањето, Јавен обвинител, увидна екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид.
