Вести
ДОКИЌ: Аерозагадувањето штетно за хронично болните, но и за секој здрав човек
Aерозагадувањето е штетно за пациентите со хронични болести кај кои има поголемо влошување на состојбата, но е штетно и за секој здрав човек.
Бројот на пациенти е во пораст, меѓутоа, со сигурност не можам да тврдам дали овој зголемен број се должи на аерозагадувањето, кое со децении е присутно, истакнува директорот на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, Дејан Докиќ во интервјуто за МИА.
Тој посочува дека аерозагадувањето е причина, особено ПМ честичките, за влошување на состојбата кај пациенти со хронични респираторни болести, како што се астма, пневмонија, хронична опструктивна белодробна болест, горно-респираторни инфекции, настинки, кардиолошки заболувања, кардио-пулмонални проблеми, инфаркт, кардиомиопатии…,како и кај оние кои имаат алергии, додека кај здравите луѓе прави некое лесно воспаление и можно е да имаат некои симптоми.



