Вести
Дождот ги зголеми водостоите, можни локални излевања
Врнежите од дожд во изминатото деноноќие ги зголемија водостоите на сите реки во земјава и можни се локални излевања. Најмногу дожд е наврнат во западниот дел од Македонија.
Според УХМР наврнати се во Лазарополе 92 литри на метар квадратен, Маврово 71, Пожаране 68, Крушево 65, Тетово 52, Скопје-Зајчев Рид 48, Дебар 43, Охрид 38, Претор 34, Тополчани и Битола 26, Прилеп 25, Берово 18, Крива Паланка 17, Виница осум, Демир Капија и Ѓуриште седум, Скопје-Петровец, Струмица и Штип шест, Дорајн четири и три литри во Гевгелија.
Водостоите се особено зголемени во горниот дел на Вардар и нејзините притоки во Полошко, горниот дел на Треска и нејзините притоки, Радика и нејзините притоки, Црн Дрим и притоките, Сатеска и притоките, Голема Река, Брајчинска и останатите реки во Преспанско, горниот дел на Црна и притоките и како и на други останати помали водотеци и суводолици.



