Актуелно
ДУИ апелира на смиреност и да не се подлегнува на провокации
Демократската унија за интеграција изразува загриженост за денешните случувања во Куманово и упатува апел до граѓаните за ладнокрвност и да не подлегнуваат на какви било провокации, се вели во соопштението.
ДУИ, се додава во соопштението, смета дека денешните настани во Куманово, но и тие претходните во Гошинце и експлозијата пред седиштето на ДУИ како и други, се дејствија што се во целосна спротивставеност со стратешките определби на албанскиот народ како во Македонија, така и на Косово, во Албанија и Прешевската Долина.
– Ние сме убедени дека само една стабилна и сигурна Македонија може да биде од полза на целиот регион и дека ниту една дестабилизација на земјата не е во интерес на албанскиот народ во регионот.Албанците во Македонија имаат однапред определена агенда и се во содејство со САД; ЕУ и НАТО и сакаат да ја видат земјава со целосна еднаквост на граѓаните, со добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, во мир и стабилност како и зачленета во НАТО и интегрирана во Европската Унија, наведува ДУИ во соопштението.



