Вести
ДУИ: Нема доволно аргументи за одлука за нова влада
ДУИ денеска не донесе одлука во однос на која било од петте опции – коалиција со ВМРО ДПМНЕ, со СДСМ или широка коалиција, да се оди во опозиција или на нови избори, изјави вечерва портпаролот на Демократската унија за интерграции (ДУИ) Бујар Османи, по седницата на Централното претседателство на партијата.
– Од пред неколку недели ДУИ започна сеопфатен процес на консултации со членството од различните форуми, внатре во партијата и со наши пријатели надвор од партијата и од меѓунардоната заедница за да дебатираме во однос на петте предлози кои претседателот Ахмети ги постави како можни после резултати од изборите на 11 декември, изјави Османи.
Дебатата, според него, била корисна, конструктивна и добронамерна за да се донесе најдобрата и најздравата одлука за сите граѓани на Република Македонија.



