Вести
Македонија ги одбележува Денот на Европа и победата над фашизмот
Со повеќе активности во Македонија денеска ќе биде одбележан 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
Традиционално ќе се одржи манифестацијата „Ден на европското знаме, со поставување на знамињата на ЕУ и Македонија на врвот на Водно“, во организација на Делегацијата на ЕУ во Македонија.
За „Денот на Европа“ и „Денот на МНР“ е најавен дипломатски тениски турнир со претставници од дипломатско-конзуларните претставништва и странските мисии во Македонија, како и вработени во Министерството за надворешни работи.



