Вести
Два земјотреси ги вознемирија скопјани
Два земјотеси со магнитуда од 2,4 и 2,3 степени според Рихреовата скала беа регистрирани денеска во скопското епицентрално подрачје.
Епицентарот на земјотересот бил на седум километри источно од Скопје на длабочина од три километри.
Првиот земјотрес се случил изутрината во 8 часот и 03 минути и бил со магнитуда од 2,3 степени. Земјотрес ноќеска бил почувствуван и во Охрид. Епицентарот бил на 10 километри источно од Охрид со магнитуда од 2,1 степен.



